Договорот за изнајмување е помеѓу iznajmi.com.mk и Корисникот во писмена форма. iznajmi.com.mk се согласува да изнајми Производи на Корисниците под условите утврдени во овој документ.
Ако Корисникот сака да изнајми Производ(и), мора да пополни и потпише Договор со Лист за изнајмување (или на друг начин да ги прифати условите на Iznajmi.com.mk).
Секој Договор за изнајмување и Лист за изнајмување помеѓу Iznajmi.com.mk и Корисникот претставува гаранција за исполнување на Договорот од двете страни. Корисникот се согласува да ја надомести штетата која ја направил на Iznajmi.com.mk. Корисникот се согласува да го добие Листот за изнајмување и сета поврзана документација по електронски пат. Iznajmi.com.mk има апсолутно дискреционо право да одбие да изнајми Производ на било кој Корисник во било кое време, ако има разумна причина да го стори тоа.
Дополнување: Во овој Договор за условите за изнајмување повремено може да се направат измени од страна на Iznajmi.com.mk, при што Iznajmi.com.mk дава известување за таа измена на Корисниците. За известувањето се смета кога Iznajmi.com.mk на било кој од следниве начини: (а) испраќа известување до Корисникот за измената на било која адреса (вклучувајќи и електронска адреса), дадена од страна на Корисникот; (б) ги објавува измените и дополнувањата на условите на својата веб-страница www.Iznajmi.com.mk; или (в) ги изложува измените и дополнувањата на условите во просториите на Iznajmi.com.mk.
Интерпретација на термините во овој Договор:
Производ(и) – Значи било каков вид на опрема, возила или алати, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на следниве видови на предмети или предмети/производи погодни за следниов вид на употреба: чистење; ладење и/или греење; забава; управување со отпад; уредување и градинарството; водовод; вентилација, компресија на воздух; заварување; тампонирање; бетон и ѕидарски работи; поставување подови; земјени работи; чистење, производство и дистрибуција на електрична енергија; скали и скелиња; осветлување; ракување со материјали; пумпи; безбедносна опрема; складирање; подготовка на терен, вклучувајќи преносни објекти и подвижни тоалети; управување со сообраќајот вклучувајќи визуелни патни бариери; знаци; возила, вклучувајќи камиони, комбиња и приколки, и вклучува алати и делови и прибор за секое од горенаведените и други производи.
Лист за изнајмување – е документ кој Iznajmi.com.mk бара Корисникот да го потпише (или да го прифати како што Iznajmi.com.mk ќе побара), кој содржи спецификации на Производите и Период на изнајмување, како и други информации кои Iznajmi.com.mk може да одлучи да наведе.
Почеток – Датумот и часот кога Корисникот го презема Производот.
Цена на изнајмувањето – Износите прикажани во Листот за изнајмување кој го плаќа Корисникот за изнајмување на Производите.
Период на изнајмување – Значи од почетокот до крајот на периодот прикажан во Листот за изнајмување. Периодот на изнајмување може да се продолжи само за еден или повеќе дефинитивни периоди и тоа, само ако клиентот побара и ако Iznajmi.com.mk се согласи. Iznajmi.com.mk може да издаде и да побара од Корисникот да потпише изменет Лист за изнајмување за секое продолжување на Периодот на изнајмување.
Iznajmi.com.mk – е во сопственост на МЕЛИОРА ДООЕЛ Скопје, и е изнајмувач и сопственик на Производите кои се изнајмуваат
- Обврски на Iznajmi.com.mk:
Iznajmi.com.mk ќе:
2.1 Овозможи на Корисниците да ги изнајмат и користат Производите за одреден период на изнајмување;
2.2 Ги изнајми Производите на Корисниците чисти и во добра работна состојба;
ЗАБЕЛЕШКА ЗА КОРИСНИКОТ: Вие сте обврзани да ги вратите Производите на свој трошок, во предвидениот рок, освен ако не сте побарале Iznajmi.com.mk да ги подигне и сте добиле Број за подигнување на Производите од Iznajmi.com.mk, кое подигнување ќе се наплати од Корисникот.
- Обврски на Корисникот
Корисникот мора:
3.1 Да ги врати Производите во Iznajmi.com.mk во предвидениот рок;
3.2 Да ги врати Производите во Iznajmi.com.mk чисти и во исправна состојба како пред изнајмувањето;
3.3 Да се увери на Почетокот на изнајмувањето дека Производите се соодветни за целта на изнајмувањето;
3.4 Да ракува со Производите безбедно, строго во согласност со законот, само за наменетата употреба, а во согласност со Упатствата на било кој производител било да се обезбедени од страна на Iznajmi.com.mk или наведени на Производите;
3.5 Да ја обештети Iznajmi.com.mk за сите повреди и/или оштетувања предизвикани од страна на Корисникот или за кои придонел Корисникот нанесени врз лица и имот, а се во врска со Производите и нивното работење, и да има соодветно осигурување за покривање на обврските настанати како резултат на употребата на Производите;
3.6 Да обезбеди дека секое лице кое ги зема или презема Производите во име на Корисникот е овластено од страна на Корисникот за таа цел, и Корисникот нема да тврди дека лицето не е овластено;
3.7 Да обезбеди дека сите лица кои работат или ги користат Производите се соодветно упатени за нивна безбедна и правилна употреба, а каде што е потребно и да поседуваат важечки сертификат за компетентност и/или се целосно лиценцирани;
3.8 Да спроведе темелна проценка на опасностите и ризиците пред користење на Производите и во согласност со сите закони за здравје и безбедност во врска со Производите и нивното функционирање;
3.9 Да ги обезбеди сите предмети натоварени во или на опрема или во или на возилото на Корисникот, и да ја обештети Iznajmi.com.mk за било која повреда и/или оштетување предизвикано од предмети што паѓаат од Производите или од кое било возило или приколка управувана од страна на или во име на Корисникот;
3.10 Да ракува со Производите со соодветно моторно возило и/или извор на енергија;
3.11 Да ја извести Iznajmi.com.mk и да ги сподели сите детали за несреќа или оштетување на Производите во рок од 2 (два) работни дена од несреќата или оштетувањето кое настанало.
Корисникот НЕ смее:
3.12 Да врши отворање, демонтирање, оштетување или поправка на Производите;
3.13 Да ги оттуѓи или даде на користење Производите на друго лице;
3.14 Да го пречекори препорачаното или правното оптоварување и ограничувањата на капацитет на Производите;
3.15 Да користи или носи какви било незаконски, забранети или опасни супстанци во или на Производите;
3.16 Да ја пречекори препорачаното или правно ограничување на брзината на Производите.
- Плаќања од Корисниците на Iznajmi.com.mk
4.1 На или пред Почетокот (или поинаку како што е договорено со Iznajmi.com.mk), Корисникот ќе ја плати Цената на изнајмувањето;
4.2 Веднаш по барање на Iznajmi.com.mk, Корисникот ќе ja/ги плати:
(ЗАБЕЛЕШКА ДО КОРИСНИКОТ: Според овој Договор, Корисникот е одговорен за губење или кражба на Производите кои ги изнајмил и ги сноси):
(а) сите трошоци за чистење на Производите;
(б) вкупните трошоци за поправка на оштетувањето на Производите предизвикано од Корисникот или за кое придонел Корисникот, освен ако експлицитно не е поинаку договорено со овој Договор;
(в) давачките, сите други даноци или обврски, и сите патарини, парични казни, такси во врска со овој Договор или кои произлегуваат од користењето на Производите од страна на Корисникот;
(г) сите трошоци направени од страна Iznajmi.com.mk за наплата или повраток на сопственоста на Производите;
(д) камата за задоцнето плаќање на износите што се должи од страна на Корисникот, по каматната стапка предвреме наведена од страна на локалниот суд;
(ѓ) трошоците за гориво и потрошен материјал обезбедени од страна на Iznajmi.com.mk кои не се вратени од страна на Корисникот;
(е) сите останати трошоци и судски трошоци (вклучително и трошоци за извршители и други агенти) направени од страна Iznajmi.com.mk во спроведувањето на овој Договор поради неисполнување на обврските на Корисникот.
4.3 Корисникот ја овластува Iznajmi.com.mk без ограничувања да ги поврати и наплати целиот износи кој го должи Корисникот од било која кредитна картичка или сметка која ја дал Корисникот.
4.4 Iznajmi.com.mk може да ги токенизира деталите за кредитната картичка или сметката на Корисниците заради олеснување на плаќањата со кредитни картички или онлајн плаќањата.
- Закон за сопственост и други стварни права
5.1 Оваа одредба се однесува на степенот до кој овој Договор го уредува правото на сопственост и другите стварни права во согласност со Закон и Уставот.
5.2 Правата на Iznajmi.com.mk наведени во овој Документ се во прилог на, а не во замена за права на Iznajmi.com.mk под друг закон (вклучувајќи го и Законот за СДСП) и Iznajmi.com.mk може да избере да ги користи правата според овој Документ, и/или според друг закон, како што одговара на Iznajmi.com.mk.
5.3 Корисникот се согласува дека во прилог на другите права, Iznajmi.com.mk, има право да заплени, искористи, задржи или располага со предмети/стоките на Корисникот како колатерал и да ги продаде или изнајми.
5.4 Корисникот не смее да ги даде под закуп, изнајмување, на користење, под-изнајмување Производите на друго лице.
5.5 За да обезбеди извршување на своите обврски од овој Договор, Корисникот дава неотповикливо полномошно на Iznajmi.com.mk да направи се’ што Iznajmi.com.mk смета дека треба да се направи во согласност со овој Договор. Iznajmi.com.mk може да ги поврати трошоците за спроведување на овој Договор.
- Ослободување од одговорност за штета
6.1 ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ЗА ШТЕТА НЕ СЕ ПРИМЕНУВА И НЕМА ДА ЈА ОГРАНИЧИ ОДГОВОРНОСТА НА КОРИСНИКОТ во следниве случаеви;
(а) кога Производот е изгубен или украден; откога е изнајмен од Iznajmi.com.mk од страна на Корисникот;
(б) кога лицето што го користи/управува со Производот не е соодветно лиценцирано;
(в) кога лицето што го користи/управува со Производот е под влијание на дрога и/или алкохол;
(г) кога Производот е намерно оштетен од страна на Корисникот или неговите вработени;
(д) кога штетата е предизвикана во ситуации кога Производите се транспортираат или влечат со возило што е незапечатено; или
(ѓ) кога штетата е предизвикана во било кој начин на преоптоварување.
6.2. ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТА ОД КРАЖБА НЕ СЕ ПРИМЕНУВА
- Гаранции и обврски
7.1 Корисникот ја плаќа цената за замена на делови или поправка на Производи или доколку тоа не е економски оправдано, цената за замена на Производот односно пазарната цена.
7.2 Iznajmi.com.mk нема да биде одговорна на Корисникот за било каква штета, трошоци или други обврски (вклучително и за консеквентна штета) настанати со изнајмувањето на Производите од страна на Корисникот.
- Други обврски
8.1 Корисникот е одговорен на свој трошок за секојдневно одржување и чување на сите Производи на располагање, вклучувајќи и дневна проверка на сите течности (гориво, масло, вода, нивото на батеријата и сл) и општо затегнување на било какви лабави завртки, ремени и подмачкување на истите.
- Прекршување на Договорот за изнајмување од страна на Корисникот
Ако Корисникот прекрши било која одредба од овој Договор и не го поправи прекршувањето рок од седум (7) дена од пристигнатото известување за прекршување, или банкротира, стане несолвентен или е во ликвидација, тогаш
9.1 Iznajmi.com.mk има право да:
(a) да го раскине овој Договор; и/или
(б) да тужи за повраток/наплата на сите средства што Корисникот ги должи; и / или
(в) повторно ја враќа сопственоста на Производите (и е овластена да влезе во кои било простории каде што се наоѓаат Производите за да го стори тоа);
9.2 Корисникот ја обесштетува Iznajmi.com.mk за било каква штета, трошоци или загуба, предизвикани од или за кои придонел Корисникот како резултат на прекршувањето на било која одредба од овој Договор.
- Спорови
10.1 Корисникот мора веднаш да ја провери секоја наплата за изнајмување, било кои оспорувања во врска со Цената на изнајмување мора да бидат доставени до Iznajmi.com.mk во писмена форма во рок од 30 (триесет) дена од денот на Договорот за изнајмување. После тој рок, Цената на изнајмување се смета дека е прифатена од страна на Корисникот. - Заштита на податоци
Iznajmi.com.mk работи во согласност принципите за приватност во сите ситуации со Корисниците. Копија од Изјавата за приватност Iznajmi.com.mk е достапна на барање или со посета на www.iznajmi.com.mk.
- Правна надлежност
12.1 Iznajmi.com.mk и Корисникот со слободно искажана волја, ја прочитаа и разбраа содржината на овој Договор и подготвени се во целост да ги исполнат обврските што произлегуваат од него. Во случај на спор, Iznajmi.com.mk и Корисникот, ќе го решаваат спогодбено, во спротивно надлежен ќе биде Основен Суд – Скопје 2, Скопје.
Ефективно од февруари, 2018





