Политика за заштита на лични податоци

 

Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб- страницата Iznajmi.com.mk и објаснува како МЕЛИОРА ДООЕЛ, која е сопственик на веб- страницата Iznajmi.com.mk, (“Iznajmi.com.mk”, “нас”, “ние” и “нашите”) ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашата веб-страница www.iznajmi.com.mk, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.

Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Со пристaпување или со користење на нашата веб-страница се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб-страница. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја страницата и не ја употребувајте. Дел од податоците кои ги внесувате на веб-страницата на Iznajmi.com.mk ги чуваме во база на податоци.

Кога ќе резервирате или изнајмите производ, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на Стопанска банка АД Скопје.

Прибирањето на личните податоци на оваа веб-страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.

Iznajmi.com.mk го задржува правото во било кое време да го измени или прекине било кој аспект од Условите на употреба и/или од Политика за заштита на лични податоци.

Објавите во Политиката за заштита на лични податоци можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде евидентирана. Притоа, Ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци секогаш кога ќе ја посетувате нашата веб-страница со цел да ги дознаете најновите промени кои се однесуваат на користење на Вашите лични податоци. Секое користење на веб-страницата од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.

 

Прибирање на информации

 

Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана резервација или изнајмување на производ. Овие информации ќе се користат единствено со цел исполнување на резервацијата/изнајмувањето, освен доколку не ни обезбедите дозвола да ги користиме за друга цел, на пример, да Ве додадеме на нашата листа за електронска пошта. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат. Со самото внесување на овие податоци Вие се согласувате со нашата Политика за заштита на лични податоци и со Условите на употреба. Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страницата, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страницата, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме Вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци.

 

Cookies – Технологија на следење

 

Iznajmi.com.mk има право (но, не и обврска) на компјутерот на корисникот или на други терминални уреди да инсталира колачиња – мали текстуални датотеки кои се зачувани на некоја Интернет страница преку интернет сервер на хард дискот на корисникот и дава можност за обновување на информациите за корисникот бидејќи тие ги препознаваат страниците што неговиот/нејзиниот терминален уред ги користи и/или пребарува.

Исто така нашата веб-страница собира и не-лични податоци. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор (“URL”) на веб-страницата која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб-страницата која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и Вашиот Интернет протокол (“IP”) адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како “Cookies” и Web beacons или Пиксел тагови.

 

Заштита на Вашата сметка

 

Вашата лозинка е клучот од Вашата сметка. Вашето корисничко име и лозинка треба да се разликуваат и да Ви бидат познати единствено Вам. Доколку Вашето корисничко име е идентично со Вашата лозинка, возможно е лесно користење на Вашиот идентитет при користење на било какви активности на веб-страницата. Користете броеви, букви и специјални знаци и не ја откривајте Вашата Iznajmi.com.mk лозинка никому. Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите и контрола врз Вашите лични податоци и можете да станете предмет на незаконски водени активности предводени во Ваше име. Заради тоа, доколку Вашата лозинка е компромитирана од било која причина, веднаш известете ja Iznajmi.com.mk и сменете ја лозинката.

 

Употреба на веб страната од страна на малолетни лица

 

Iznajmi.com.mk не дозволува користење на страницата на малолетници (деца помлади од 18 години) и таквата употреба е забранета. Страницата е дизајнирана со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Iznajmi.com.mk изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите резервирање и изнајмување на производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

 

Давање на лични податоци на користење

 

Само врз основа на закон Вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Имено, станува збор за следните можни ситуации:

Забрането или побарано со Закон

Заштита на постоечка или потенцијална измама или неавторизирана трансакција

Истрага на измама која веќе се случила

Информациите кон горе наведените тела/институции не се пласирани за маркетинг цели.

Iznajmi.com.mk обраќа големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Iznajmi.com.mk ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап. Iznajmi.com.mk обраќа големо внимание за заштитата на личните податоци, но не одговара во следниве случаи: виша сила, случајни настани или злонамерни дејства на трети лица, како и во случаи кога Корисникот самиот ги направил овие информации достапни на трети лица.