ОПШТИ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ на ИЗНАЈМУВАЊЕ
Во овие Oпшти одредби и услови за изнајмување: а) Iznajmi.com.mk, значи Iznajmi.com.mk, во сопственост на МЕЛИОРА ДООЕЛ Скопје, кој е изнајмувач и сопственик на производите кои се изнајмуваат; б) Корисник – Физичко или правно лице кое го зело производот под наем по наемен договор и се обврзало да ги подмири сите трошоци од наемот. Секое лице кое изнајмува производ од Iznajmi.com.mk треба да ги знае, прифати и потпише следниве услови за изнајмување на производи (алати и машини и останати артикли):
- Барања за корисниците – Корисник на производ мора да има најмалку 18 години и да има важечка лична карта. Во одредени прилики може да се направи исклучок за корисници под 18 годишна возраст, но ќе биде потребен дополнителен депозит.
Производите вообичаено се изнајмуваат од просториите на Iznajmi.com.mk во Скопје.
- Наем на производот – Секој Корисник најпрвин мора да се регистрира за да може да биде остварена резервацијата или изнајмувањето. Корисникот го превзема производот со склучување на наемниот договор. Секој Корисник е должен при изнајмување на производот да го провери за евентуални оштетувања или да провери дали нешто недостасува. Доколку се забележат одредени неправилности, се заведува во Договорот. Со потписот на Договорот Корисникот потврдува дека се согласува и дека ги прифаќа Oпштите одредби и услови и прифаќа дека го добива производот во исправна состојба. По враќањето на производот од страна на Корисникот, овластен работник на Iznajmi.com.mk врши проверка на производот и доколку се забележат оштетувања кои се предизвикани од Корисникот, вредноста на штетата ќе се одбие од иницијалниот депозит на Корисникот.
Корисникот е должен да го врати производот во предвидениот рок кој е наведен на Договорот.
- Цени за изнајмување – Цените на изнајмување на сите производи од www.Iznajmi.com.mk се дадени по ден, во денари и со вклучен ДДВ.
Периодот за изнајмување се смета 24 часа, од почетокот на изнајмувањето. Минимално времетраење на изнајмување е 24 часа. Доколку изнајмениот производ не е вратен навремено, се наплаќа како за дополнителен ден.
- Период на изнајмување и откажување резервација – За резервација на производ е потребен депозит еднаков на цената на изнајмувањето и плаќање во готово или со кредитна/дебитна картичка. Производите се изнајмуваат од ден, максимум 10 дена. Овој рок се продолжува само еднаш.
Доколку резервацијата е откажана 24 часа пред закажаниот термин, средствата се враќаат во целост. По овој период, средствата се задржуваат 100%.
Ако изнајмувачот го задржи производот подолго од договореното, треба да плати надомест за продолженото време според ценовникот на Iznajmi.com.mk
Во случај на раскинување на договорот за изнајмување депозитот не се враќа.
- Продолжување на наемот – Кога Корисникот сака да го продолжи наемот мора да ја извести com.mk минимум 1 (еден) ден порано, доколку не го стори тоа ќе се смета дека противправно го присвоил производот и МЕЛИОРА ДООЕЛ ќе пријави во полиција, од каде што ќе бидат превземени соодветни мерки за противправното присвојување, односно кражба.
- Барање и враќање на депозит – При склучување на Договорот потребно е да оставите иницијален повратен депозит во готовина или гарантиран со кредитна картичка за секој производ. Депозитот на почетокот на изнајмувањето можете да го уплатите на следните начини: со кредитна или дебитна картичка и готовина. При враќањето на производот депозитот се враќа откога од него ќе се одбие сумата за евентуалните штети, евентуалните делови кои недостигаат од производот, кусок на гориво или потрошен материјал.
- Плаќање на фактурата – По завршување на наемот се изработува фактура. Корисникот е должен да ја подмири фактурата веднаш. За изнајмување на производ се плаќа во готово, со кредитна или дебитна картичка.
- Гориво и потрошен материјал – Горивото не е вклучено во цената на наемот, производот се издава и се враќа со полн резервоар. Трошоците за гориво се на товар исклучиво на страна на Корисникот и Корисникот е должен да го врати производот со содржината на резервоарот ист како во моментот на изнајмување, во спротивен случај се наплаќа износот на потрошено гориво. Корисникот е должен да ги следи спецификациите на производот под закуп и да го дополнува секој пат резервоарот со типот на горивото или мазиво кое одговара на изнајмениот производ.
Истото се однесува и на потрошниот материјал. Трошоците за потрошен материјал се на товар исклучиво на страна на Корисникот и Корисникот е должен да го врати производот ист како во моментот на изнајмување, во спротивен случај се наплаќа износот на потрошниот материјал.
- Технички проблеми – Производите кои ги изнајмувате редовно се одржуваат и чуваат во многу добра техничка состојба. Доколку се воочи помал проблем, производот веднаш да се врати во com.mk. Изнајмувачот Iznajmi.com.mk не сноси никаква одговорност во случај на несреќа на корисникот при користење на изнајмениот производ.
- Одржување и оштетување – Корисникот се обврзува дека ќе се грижи за производот. Во случај на настанати оштетувања, како резултат на немарно користење, несоодветно или неодговорно однесување кон изнајмениот производ, трошоците за поправка или замена на оштетените делови, паѓаат на товар на корисникот. Корисникот одговара исто така и за штетата која би настанала на производот и деловите (дополнителната опрема) и при неодобрена замена на делови или опрема или при замена на новите делови со стари или со неоригинални делови. Корисникот се обврзува секоја константирана штета да ја подмири.
- Дефекти или загуба – Не е дозволено да се вршат поправки или замена на делови. При враќањето на производот ако се константира дека било кој дел од производот, опремата и дополнителната опрема е изгубен истиот ќе биде наплатен по ценовникот на овластениот сервис. Корисникот на производот превзема целосна одговорност за било каква загуба или штета на производот или во случај да Корисникот ги игнорира условите наведени во Договорот за наем.
Износите кои се однесуваат на оштетување или губење на производот се наплаќаат директно од Корисникот. Во овој случај, Корисникот е должен да ја плати на МЕЛИОРА ДООЕЛ целата цена на поправка или замена на производот.
- Важност и промена на наемниот договор – Наемниот договор стапува во сила со потпишувањето на двете договорни страни. Ниедна одредба или услов од наемниот договор и неговите придружни договори/формулари не може да биде променета без согласност на МЕЛИОРА ДООЕЛ.
- Испорака и прием – Се врши само во просториите на Iznajmi.com.mk во периодот на работното време. Покрај работните часови и за време на празници, испорака и прием е можно само на барање. Предавањето надвор од нашите простории може да се договори со плаќање на товар на Корисникот.
- Кражба – Во случај на кражба, корисникот е обврзан да ја покрие целата сума за изнајмениот производ по пазарната вредност на истиот кога бил купен нов.





